Велес → Скопје · Куманово → Скопје · …

Патувај заедно

Возите секој ден по иста релација? Понудете ги празните места. Патувате? Најдете возење за неколку секунди.

Вашиот број не е јавен · Проверени возачи · Оценки по секое патување

Апликацијата: листа на возења Велес → Скопје

Како функционира

Возачите ги објавуваат слободните места во колата, патниците наоѓаат возење во истиот правец. Апликацијата само ве поврзува, а сè друго го договарате директно.

За патници

  1. Изберете од каде, до каде и ден.
  2. Отворете возење и побарајте место со еден допир.
  3. Кога возачот ќе прифати, го гледате неговиот број и регистарските таблички — јавете се или пишете порака. Дотогаш никој не го гледа вашиот број.
  4. Најдете се на местото на поаѓање и патувајте заедно. Потоа оценете го возачот.

Нема возење во вашиот термин? Објавете „Барам превоз“: возачите на таа релација добиваат известување, а вие добивате известување штом некој понуди возење.

За возачи

  1. Објавете возење — или цела работна недела одеднаш.
  2. Вие ги одредувате времето, слободните места, местото на поаѓање и каде пристигнувате.
  3. Вие одлучувате кого ќе земете: пред да прифатите го гледате името и оценката на патникот. Вашиот број го гледаат само патниците што сте ги прифатиле.
  4. По патувањето оценете ги патниците.

Во „Барај“ → „Барања од патници“ гледате кој бара превоз во вашиот правец. „Понуди возење“ го пополнува возењето наместо вас.

Безбедно и фер

Патувате со луѓе што не ги познавате, па довербата е на прво место.

Бројот е заштитен

Вашиот телефонски број не се гледа во возењата ниту во барањата. Го гледаат само возачот и патникот, еден на друг, откако возачот ќе го прифати барањето.

Проверени возачи

Возачка дозвола, сообраќајна и селфи, прегледани од наш администратор.

Оценки и ревјуа

По секое патување. Се прикажуваат откако двете страни ќе се оценат, за искрени оценки.

Пријави и блокирај

Во секое време. Пријавите ги прегледуваме во рок од 24 часа.

Едноставно, на македонски

Сè што ви треба на пет екрани.

Барај: возења по релација и ден
Барај
Детали за возење и проверен возач
Возење
Понуди возење за цела недела
Понуди
Патувања: прифаќање патници и контакт
Патувања
Барам превоз: објавете каде и кога патувате
Барам превоз

Прашања

Не го најдовте одговорот? Пишете ни на info@patuvajzaedno.mk.

Кој го гледа мојот телефонски број?

Додека барате или нудите возење, никој. Бројот не се гледа во возењата, во барањата за превоз ниту во профилот. Се прикажува само на возачот и патникот, еден на друг, откако возачот ќе го прифати барањето за место. Ако барањето е одбиено, бројот не се прикажува.

Што ако нема возење во мојот термин?

Во „Барај“, на дното од листата, допрете „Барам превоз“ и внесете релација, ден и приближно време. Возачите што ја возат таа релација добиваат известување, а вие добивате известување штом некој објави возење во ваш правец. Вашиот број не се гледа во барањето.

Како да станам проверен возач?

Во апликацијата: Профил → Проверен возач. Сликајте ја возачката, сообраќајната дозвола и селфи. Проверуваме во рок од 24 часа, а потоа фотографиите се бришат.

Како да пријавам или блокирам корисник?

Отворете го возењето и допрете „Пријави или блокирај го возачот“. За патник: Патувања → Возам → „⋯“ до неговото име.

Како да го избришам профилот?

Профил → Избриши профил. Без апликацијата: Бришење на профил.

Колку години треба да имам?

Апликацијата е наменета за лица постари од 18 години.

Следниот пат — патувајте заедно

Возачи и патници во ист правец, на едно место.