Патувај заедно

Услови за користење

Важи од: 19 октомври 2026 · изменето: 12 ноември 2026

1. Што е Патувај заедно

Патувај заедно е апликација што поврзува возачи и патници кои патуваат во ист правец. Игор Ѓоргиев не е превозник, не врши превоз, не организира превоз и не е страна во никаков договор меѓу возачот и патникот.

Апликацијата само овозможува корисниците да објават и да најдат возења, патниците да објават дека бараат превоз (функцијата „Барам превоз“) и корисниците да стапат во контакт. Секое патување и неговите услови ги договараат возачот и патникот директно и на своја одговорност.

2. Поврзување на корисници, не превоз

3. Услови за користење

4. Нулта толеранција за злоупотреба

Забранети се: навреди, закани, вознемирување, дискриминација, сексуална или навредлива содржина, измами, лажни профили и секое однесување што ја загрозува безбедноста. Содржина и корисници што ги прекршуваат овие правила ги отстрануваме.

5. Оценки

По патувањето возачот и патникот можат да се оценат. Оценките мора да бидат искрени и да се однесуваат на патувањето. Оценките и коментарите се прикажуваат јавно — коментарите како анонимни ревјуа на профилот на оценетиот корисник — откако и двете страни ќе се оценат, или 14 дена по патувањето. Многу ниските оценки сепак може веднаш да доведат до привремена суспензија до преглед. Секое ревју може да се пријави; навредливи, лажни ревјуа или ревјуа што не се однесуваат на патувањето ги отстрануваме. За содржината што ја внесувате (забелешки, коментари, пријави) одговарате вие; ни давате право да ја прикажуваме и користиме во рамки на апликацијата.

6. Проверка на возачи

Ознаката „Проверен возач“ значи дека возачот достави документи што ги прегледавме. Таа не е гаранција за однесувањето на возачот. Секој корисник сам одлучува со кого патува.

7. Одговорност

Апликацијата се нуди бесплатно, таква каква што е, без гаранција дека секогаш ќе биде достапна или без грешки.

Во итен случај јавете се на 192 (полиција) или 112.

8. Бришење на профил

Профилот можете да го избришете во секое време во апликацијата: Профил → Избриши профил. Што се чува по бришењето е опишано во Политиката за приватност.

9. Промени и меродавно право

Условите може да се менуваат; за битни промени ќе ве известиме во апликацијата. Се применува правото на Република Северна Македонија.

10. Контакт

info@patuvajzaedno.mk