Патувај заедно

Поддршка

Апликација што ги поврзува возачите и патниците што патуваат во ист правец низ Македонија.

Контакт

Пишете ни на info@patuvajzaedno.mk. Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.

Во итен случај јавете се на 192 (полиција) или 112.

Чести прашања

Кој го гледа мојот телефонски број?

Додека барате или нудите возење, никој. Бројот не се гледа во возењата, во барањата за превоз ниту во профилот. Се прикажува само на возачот и патникот, еден на друг, откако возачот ќе го прифати барањето за место.

Како да пријавам или блокирам корисник?

Отворете го возењето и допрете „Пријави или блокирај го возачот“. За патник: Мои патувања → Возам → „⋯“ до неговото име.

Како да станам проверен возач?

Профил → Проверен возач. Сликајте ја возачката, сообраќајната дозвола и селфи. Проверуваме во рок од 24 часа и потоа ги бришеме фотографиите.

Како да го избришам профилот?

Профил → Избриши профил. Профилот и податоците се бришат веднаш. Без апликацијата: Бришење на профил.